HomeМинистерстваМЖСПП: Средба на Лашкоска со шведската амбасадорка Ларсон Џеин

МЖСПП: Средба на Лашкоска со шведската амбасадорка Ларсон Џеин

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари средба со амбасадорката на Шведска Н.Е. Ами Ларсон Џеин.

Во убава и пријателска атмосфера, Ларсон и Лашкоска разговараа за досегашната соработката во областа животна средина, особено во делот на квалитет на амбиенталниот воздух и заштита та на природните вредности, како и за развивање на истата во наредниот период.

Шведска како еден од поголемите донатори во државата ќе продолжи и понатаму да и помага на државата и на Министерството за животна средина и просторно планирање во реализација на проекти за заштитата на животната средина во интерес на сите граѓани.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МС: Ристовски – За две години реализирани и започнати 60 спортски...

0
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, на прес-конференција во Владата, даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт,...