spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

УЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

Почитувани даночни обврзници,

Во контекст на нашата посветеност кон транспарентна и блиска комуникација со Вас, а по пристигнатите информации за неусогласени состојби во врска со намирување на долгови, сакаме да Ве охрабриме Вашите прашања и коментари, поткрепени со документација, да ги доставувате на инфо сандачето info@ujp.gov.mk, а даночните службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.

Управата за јавни приходи има за цел да помогне организирано, соодветно и брзо да реагира на овие случаи.
За дополнителна поддршка можете да се обратите и на нашите телефонски броеви 0800 33 000 и 02 3253 200. УЈП и вработените се тука да Ви понудат навремени, точни и јасни информации.
Вашата соработка е клучна за успешна реализација на даночната усогласеност.

Ви благодариме за Вашето разбирање и поддршка!

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте