Северна Македонија и Државата Катар имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка на сите нивоа. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и катарскиот амбасадор во Скопје, Јасим бин Хамид ал Тани, се согласија да работат заедно во наредниот период за подобрување на соработката меѓу двете земји и воспоставување деловни партнерства кои ќе бележат позитивен тренд на економска соработка меѓу Северна Македонија и Државата Катар.
За нас како Mинистерство за економија и труд, под чии надлежности се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да работиме на подобрување на бизнис климата, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст.- истакна министерот Дурмиши на средбата со амбасадорот на Државата Катар.