spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Средба на министерот Дурмиши со амбасадорот на Катар, Јасим бин Хамид...

МЕТ: Средба на министерот Дурмиши со амбасадорот на Катар, Јасим бин Хамид ал Тани

Северна Македонија и Државата Катар имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка на сите нивоа. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и катарскиот амбасадор во Скопје, Јасим бин Хамид ал Тани, се согласија да работат заедно во наредниот период за подобрување на соработката меѓу двете земји и воспоставување деловни партнерства кои ќе бележат позитивен тренд на економска соработка меѓу Северна Македонија и Државата Катар.

За нас како Mинистерство за економија и труд, под чии надлежности се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да работиме на подобрување на бизнис климата, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст.- истакна министерот Дурмиши на средбата со амбасадорот на Државата Катар.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

МФ: Средба Димитриеска-Кочоска со ИФЦ – Процесот на зелена транзиција и...

0
Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ изразува интерес за проширување на својата активност во земјава, особено во областа на енергетиката и енергетската транзиција....