spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани-Ѓокташ во Женева: Македонија и Турција се пријателски земји, ја...

МСПДМ: Средба Лимани-Ѓокташ во Женева: Македонија и Турција се пријателски земји, ја засилуваме нашата соработка и размена на позитивни искуства

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работната посета на Женева оствари средба со министерката  за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ.

Клучни точки на разговорот помеѓу двајцата министри на денешната средба беа од областите кои ги покриваат двете министерства како што се:  унапредување на правата на жените и социјалните услуги, зајакнување на вредностите на семејството, искоренувањето  на насилството врз жените и семејното насилство, заштита на жените, децата и лицата со попреченост.

На средбата се отвори и темата за родовата еднаквост и родово одговорно буџетирање. А се разговараше и за областите демографија и млади. 

Соговорниците искажаа подготвеност за потпишување на меморандум за соработка во областите кои се под надлежност на министерствата и размена на позитивни искуства за истите. 

Двете страни се согласија дека, Турција и Македонија имаат долга историја на блиски партнерски односи и дека оваа традиција меѓу државите ќе продолжи и понатаму со уште позасилено темпо.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот на Република Албанија...

0
На средбата се дискутираше за соработката помеѓу двете држави, со акцент на прекуграничната соработка во кривична материја. Министерот Филков посочи  дека помеѓу двете држави не...