spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба на министерот Лимани со претставникот на УНХЦР, Гуалано де Годој

МСПДМ: Средба на министерот Лимани со претставникот на УНХЦР, Гуалано де Годој

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставникот на УНХЦР-Агенција за бегалци на Обединетите нации, г-дин Габриел Гуалано де Годој. Средбата е резултат како дел од заедничките напори за заштита на правата и благосостојбата на бегалците, мигрантите и барателите на азил.

Соговорниците разговараа за зајакнување и подобрување на услугите за бегалците, барателите на азил и мигрантите, за решавање на предизвиците со кои се соочуваат и за поддршката која што е потребна за да се започне нов живот.

Министерот Лимани ја истакна заложбата за продолжување на поддршката на бегалците и барателите на азил кои влегуваат на нашата територија, притоа гарантирајќи заштита, безбедност и поддршка за остварување на  правата на оние на кои им е најпотребна на секој чекор од нивното патување.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот на Република Албанија...

0
На средбата се дискутираше за соработката помеѓу двете држави, со акцент на прекуграничната соработка во кривична материја. Министерот Филков посочи  дека помеѓу двете држави не...