spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Лашкоска – билатерални средби во Словенија

МЖСПП: Лашкоска – билатерални средби во Словенија

Во текот на тродневниот престој во Словнија, на маргините на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на UNECE, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, во координација со Секторот води на МЖСПП, оствари повеќе билатерални средби со претставници на меѓународни организации.

Лашкоска – билатерални средби во Словенија

На средбата со новиот извршен секретар на Глобалното партнерство за вода GWP Алан АтКисон се разговараше за досегашната соработка и предизвикот што ни претстои во имплементацијата на новиот проект за сливот на реката Црн Дрим. Новиот проект се надоврзува на претходнито проект за овој речен базен, бара добра прекугранична соработка и е од исклучително значење за државите низ кои минува реката. 

Лашкоска оствари средба и со Марко Кинер, директор на Одделот за животна средина на Економската комисија на Обединетите нации за Европа, на која двете страни искажаа поготвеност за унапредување на соработката во сите сфери на животната средина, вклучувајќи го и управувањето со водните ресурси како клучен сегмент во секојдневното живеење на луѓето.  

Лашкоска – билатерални средби во Словенија

Во срдечна атмосфера, Лашкоска одржа состанок и со делегацијата на Словенија, држава домаќин, составена од државниот секретар во Кабинетот на Претседателот на Владата, Лидија Глобевник, генералниот директор на Дирекцијата за води, Катарина Грозник, директорот – генерален директор на Дирекцијата за природа, Инга Турк, шефот на службата за ЕУ и меѓународни односи Митја Брицел.

На овој иницијален состанокот двете страни изразија подготвеност за развивање на поблиска комуникација, зајакнување на соработката и размена на искуства во сите сфери на животната средина.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте