spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити - Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во...

МЖСПП: Меџити – Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.

Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.

Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската...