spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити - Ги поддржуваме иновациите за еколошки предизвици, на студентите во...

МЖСПП: Меџити – Ги поддржуваме иновациите за еколошки предизвици, на студентите во Кавадарци

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од директорот на Управата за животна средина Игор Никоски и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска го посетија СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци, каде на лицеместо имаа можност да ги видат иновациите, односно машините за прочивтсвување на воздухот, произведени со менторство на нивниот професор  Димитрије Ангелковски.

Меџити: Ги поддржуваме иновациите за еколошки предизвици, на студентите во Кавадарци

Во текот на посетата средношколците и нивниот професот ги претсавија прев министерот Меџити нивните иновации, состваени од иновативни решенија за еколошките предизвици кои постојат во нашата земја.

За време на посетата беа презентирани проекти како компост, кој произведува органско ѓубриво од отпад од храна, како и енергетски акумулатори кои придонесуваат за подобрување на условите во животната средина.

Меџити: Ги поддржуваме иновациите за еколошки предизвици, на студентите во Кавадарци

Учениците ја демонстрираа својата работа и реализацијата на проекти кои позитивно влијаат на секојдневниот престој во училиштето.
Присутните директори ја истакнаа важноста од поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање на влијанието на овие проекти за училиштатата но и други институции.

Министерот Меџити им посака понатамошни успеси на учениците, изразувајќи надеж дека овие иницијативи ќе продолжат да се развиваат, придонесувајќи за почиста и поздрава животна средина за сите.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската...