spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со претставници на Делегацијата на Конференцијата на меѓународни невладини организации...

ДКСК: Средба со претставници на Делегацијата на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа

Вчера Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата м-р Сервет Демири одржа состанок со претставниците на Делегацијата на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа, предводени од претседателот на организацијата, г. Герхард Ермишер.

Иницијативата за одржувањето на состанокот беше во рамките на активностите на Делегацијата за спроведување на интервјуа со повеќе институции од јавниот сектор, како и организации од граѓанскиот сектор, со цел подготовка на извештај кој ги отсликува степенот на отвореност на институциите и состојбата на учеството на граѓанското општество во процесот на креирање на политиките во владата, парламентот како и институциите на локално ниво.

Заменик претседателот на ДКСК м-р Сервет Демири, информираше за законските надлежности и предизвиците со кои се соочува ДКСК во својата работа како и за екстензивната соработка со организациите од граѓанскиот сектор.

Претседателот на Делегацијата на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа г. Герхард Ермишер се осврна на активностите на Делегацијата и информираше за процесот на подготовка за извештајот на состојбите на учеството на граѓанското општество во процесот на креирање на политиките во Република Северна Македонија.

Двете страни го изразија задоволството од воспоставената соработка искажувајќи ја  важноста од унапредување на истата во иднина, притоа земајќи ја во предвид улогата на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...