HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на краци од улица „500“ и улица „531“ во Марино

Илинден: Асфалтирање на краци од улица „500“ и улица „531“ во Марино

spot_img
spot_img

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо во населените места, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Денес се асфалтирани два крака 6 и 7 од улица “500“ во Марино со вкупна должина од 280 метри. Покрај асфалтирањето на овие два крака, се асфалтираше и еден крак од улица „531“ во должина од 50 во населено место Марино.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден посветува големо внимание на одржувањето на патната инфраструктура. Овие улици претходно беа оштетени поради изградбата на фекална канализација, а сега се асфалтираат со цел подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на животот на граѓаните.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте