spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Фискална едукација за младите и можност за учество во награден конкурс...

УЈП: Фискална едукација за младите и можност за учество во награден конкурс „ Данок плати – во иднина да ти се врати“

Учениците од СГУС „Браќа Миладиновци од Скопје“ беа во посета на Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи. Претставници на даночната администрација од Дебар, одржаа едночасовни предавања за учениците од трета и четврта година во средното општинско училиште „28 Ноември“ од Дебар.

Со поддршка од даночната администрација, средношколците, учесници на едукацијата имаа можност да се запознаат со даноците, да научат како се одвиваат процесите на обработка на даночните пријави и како правилно да управуваат со своите даночни обврски во иднина. Посебен акцент беше ставен на важноста на даночната усогласеност, по однос на данокот на доход, данок на додадена вредност и данок на личен доход, како и нивната улога во економијата.

Вработени од даночното одделение на УЈП од Дебар, беа во посета на средното општинско училиште „28 Ноември“ во Дебар, каде што спроведоа симулации за учениците, и преку презентации им помогнаа да ги разберат практичните аспекти на даночниот систем и неговото влијание на секојдневниот живот. Оваа иницијатива е дел од проектот за фискална едукација, кој има за цел да ги запознае младите со важноста на даночната усогласеност и зголемување на даночната свест.
Учениците и училиштата кои учествуваат во даночната едукација, имаат право да учествуваат во конкурсот„ Данок плати – во иднина да ти се врати“ организиран од УЈП.

Сите учесници во проектот „Фискална едукација на младите“ кои сакаат да учествуваат на наградниот конкурс ќе треба да креираат видеа на тема „Данок плати – во иднина да ти се врати“ во кои преку едно минутно, креативно видео ќе ја покажат улогата која има Управата за јавни приходи и ќе ја истакнат важноста и значењето на даноците. Креираните видео содржини треба да ги испратат преку „wetransfer“ најдоцна до 15.11.2024 година да ги достават на е – пошта konkurs@ujp.gov.mk.

Преку проектот „Фискална едукација на млади“, Управата за јавни приходи настојува да ги информира младите за даночниот систем во Република Северна Македонија, како и за процесот на утврдување и наплата на даноците. Училиштата добиваат можност да се запознаат со организацијата и функциите на УЈП, видовите даноци и нивната улога во општеството, како и со значењето на соработката со меѓународни институции во областа на даночната политика.

Управата за јавни приходи не само што ја поттикнува даночната свест, туку и ја охрабрува младата генерација да биде активен учесник во општествените процеси и економијата. Поддршката на младите е наш приоритет а инвестирањето во нивното знаење е инвестиција во иднината. Заедно, создаваме темели за успешни професионалци кои ќе придонесат за развојот на општеството и ќе бидат одговорни даночни обврзници. Оваа активност е дел од проектот „Фискална едукација на млади“, кој има за цел да ги запознае младите со важноста на даночната свест и нивната улога како идни даночни обврзници.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...