Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен на политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, во рамки на престојот во Тирана, оствари работна средба со Арбен Шеху, претседател на Врховната државна ревизија.
Вицепремиерот Фетаху му се заблагодарува на г. Шеху за братската и плодна средба за институциите на двете пријателски земји.
Г-дин Шеху ја нагласува блиската и пријателска соработка со Државниот завод за ревизија во Република Северна Македонија во однос на размената на институционални искуства.
На средбата, потпретседателот на Владата на Северна Македонија го истакна основниот приоритет на Владата на Северна Македонија, а тоа е интеграцијата во Европската Унија. Тој ги нагласи и другите приоритети од надлежност на неговиот ресор, како што се превенцијата и борбата против корупцијата, владеењето на правото, транспарентноста, конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и соработка со граѓанскиот сектор.
Соговорниците на средбата се договорија за продолжување на комуникацијата и соработката меѓу ревизорските институции од двете земји. Добродојдена е поддршката на Албанија во подготовката на законските прописи од областа на ревизијата, имајќи ги предвид позитивните искуства од Врховната државна ревизија во Албанија.
Претседателот на Врховната државна ревизија понуди можнос за соработка со официјално Скопје во областа на обука на нови ревизори.
На крајот од средбата беше испратена порака дека спречувањето на корупцијата е поважно од санкционирањето, не подразбирајќи при тоа дека корупцијата не треба да се санкционира.
Извор: Влада