Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска и претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски направија обиколка на три улици во населено место Петровец. Станува збор за улици кои се завршени а една е во завршна фаза на изработка.
Улиците се поплoчуваат со павер елементи (бекатон плочки). Вкупната должина на улиците изнесува 330 метри. Финансиските средства во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Ваквите и слични градежни инфраструктурни активности продолжуваат и во периодот кој следи и во останатите населени места.
Извор: Општина Петровец