spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Со Македонската банкарска асоцијација разговаравме за заемот од Унгарската Влада, до...

Мицкоски: Со Македонската банкарска асоцијација разговаравме за заемот од Унгарската Влада, до крајот на следната недела ќе имаме целосен договор како ќе се користат овие средства

Добар ден најпрвин почитувани претставници на медиумите.

Денеска во Министерството за финансии имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Разговаравме околу средствата коишто се дел од заемот од Унгарската Влада.

Би го поделил состанокот во три дела. Првиот дел е оној дел којшто се однесуваше во делот на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка. Во делот на желбата дека сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација, членките и членовите е несомнен и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници.

Во делот на рочноста заземавме заеднички став дека во зависност од барање на клиентите ќе ја користиме формулација до три години грејс период и до петнаесет години рок на отплата, бидејќи членките кажаа има поедини клиенти коишто сакаат пократок рок итн. и затоа велиме до три години и до петнаесет години рок на отплата, тоа мислам дека го усогласивме и прифативме. Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и ќе видиме, очекувам до крајот на следната недела во втората половина веќе ќе имаме некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и конечно би почнале да сето ова аплицираме и се пренесе на стопанството.

Извор: Влада

Прочитајте