spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2025 година, отворен...

Илинден: Презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2025 година, отворен ден со граѓаните

Во комуникацијата со граѓаните Општина Илинден е транспарентна. За таа цел во просториите на Општина Илинден денеска се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2025 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.

Градоначалникот Александар Георгиевски заедно со претставници од службите на Општината и директорите на јавните претпријатија, оствари директна средба со граѓаните на која се разговараше за предлозите за модерна и урбана Општина Илинден, каде беа презентирани своите идеи преку кои граѓаните учествуваат во распределбата на средствата за следната година. Се разговараше на темите за комуналната и патната инфраструктура, за уредување на простор со спортски терени, паркови, детски игралишта, озеленување и уште на многу други предлози и идеи на граѓаните.
Сите предлози и барања од граѓаните кои денес беа доставени, но и во изминатиот период преку електронски пат или дирекно доставени во локалната самоуправа, ќе бидат детално анализирани од стручните служби во Општината и согласно остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите, истите ќе бидат имплементирани во програмата за работа и Буџет за 2025 година.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...