HomeОпштиниГази Баба: Прва ораторска вечер “ГАЗИ БАБА 2024”

Гази Баба: Прва ораторска вечер “ГАЗИ БАБА 2024”

spot_img
spot_img

Денес започнавме една традиционална активност која ќе се одржува на крајот од првото полугодие на учебната година.

Одржувањето на ораторските вечери, односно на натпреварите по јавно говорење е тренд кој се спроведува во сите развиени светски метрополи.

“Јас меѓу виртуелното и реалното секојдневие” е темата на која оваа година се напреваруваа учениците од општинските основни училишта на нашата територија.

Денес се повеќе работи се применуваат виртуелно со помош на технологијата, но наша обврска е на младите генерации да им создадеме навики за придржување до животот во реалност.

 Пораката од градоначалникот Стефковски до натпреварувачите е: “победници сте сите вие кои изминатиот период интензивно се подготвувавте за настапот кој го имавте оваа вечер”.

Рангирани ученици на првата ораторска вечер се:

? 1 место – Михаела Сандева од ООУ Кирил и Методиј, Стајковци;

? 2 место – Јована Антевска од ООУ Његош, Јурумлери;

? 3 место – Јован Димковски од ООУ Крсте Мисирков, Ченто.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте