Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 2.02 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.11 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 3.06 %.
Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.34 %.
Најголем број на слободни работни места, односно 1 950, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Извор: Државен завод за статистика