spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Бележиме раст како држава, во делот на извозот на...

МЗШВ: Трипуновски – Бележиме раст како држава, во делот на извозот на храна има зголемување за 11 %, кај пијалаците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 %

За  првите 10 месеци од годинава има одредени сегменти каде бележиме раст како држава и во делот на извозот на храна има зголемување за 11 проценти, кај пијалоците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 проценти. Во вкупна бројка за 10 месеци имаме извоз од околу 670 милиони евра, појасни Трипуновски, кој оцени дека, е добар сигнал и почнуваат да се гледаат показателите дека Владата добро работи во овие шест месеци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата на клубот на извозници во Стопанска Комора.

Интенција на министерството е да се зголеми производството, да бидеме отворени и транспарентни и со олеснета бирократија. Затоа, ќе работиме на делот на дигитализација за олеснување на бирократските процедури појасни Трипоновски кој нагласи дека, како земјоделски сектор наследил доста отворени прашања и застарени процеси кои треба да се придвижат во позитивен правец. Целта на Министерството е, вели тој да го зголемиме домашното производство и затоа веќе во програмата за наредната година за директни плаќања ќе има одредена модификација со цел поголема стимулација кон земјоделците да ја зголемат продукцијата, односно да имаат ефект парите кои ги даваме за субвенции.

Трипуновски пред присутните го најави и сетот на законски измени во повеќе гранки како винарството, тутнопроизводството и градинарските култури. Тоа го правиме во соработка со засегнатите. Паралелно помагаме на одредени сектори кои се наоѓаат во мала криза преку директна поддршка, вели  Трипуновски кој ја нагласи својата присутност и во останатите седници кои ќе ги организира клубот и вети дека им стои на располагање на стопанствениците за да се олеснат недостатоците или процесите.

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...