spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМДТ: Министерот Андоновски се обрати на 9-тото издание на „Italian design...

МДТ: Министерот Андоновски се обрати на 9-тото издание на „Italian design day“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на 9-тото издание на „Italian design day“, во организација на Амбасадата на Република Италија во соработка со Италијанската трговска агенција. Андоновски истакна дека ова е одлична прилика и можност да се разговара со нашите пријатели од Италија, и преку примери да се разменат искуства за предизвиците и можностите со кои се соочува нашата држава за надминување на нееднаквoстите, за урбана иновација, технологија и одржливост.

Андоновски на настанот се осврна и на тоа дека фокусот на министерството е следење на трендовите и технологиите и дека министерството е посветено на креирање на систем кој обезбедува достапни и инклузивни услуги за сите граѓани.

„Нашиот фокус е да ја направиме технологијата да биде разбирлива и лесно достапна, да ја понудиме едноставноста и ефикасноста која ќе го намали товарот за секој граѓанин”, изјави Андоновски.

Тој додаде дека нееднаквостите не се решаваат преку еден проект или едно решение, туку тоа е континуиран процес кој бара посветеност, иновација и партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, како и постојана едукација на сите наши граѓани.

„Мојата визија е да изградиме едно општество каде технологијата не само што ја подобрува секојдневната ефикасност, туку го прави животот на секој граѓанин полесен, подобар и подостапен.” заврши во своето обраќање министерот Андоновски.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте