spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

МП: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

Почитувани,

Ве информираме дека Министерството за правда на веб страницата, pravda.gov.mk  ги објави Записниците од Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите за 2024 година.

Надзорот не е само процес – тоа е чекор за обезбедување на правичност и транспарентност во судската работа.

 Од извршениот увид во основните судови и  Апелационите судови на може да  се заклучи дека:

  1.  Движењето на предметите во судовите согласно законот се врши преку АКМИС.
  2.  Распределба и прераспределба на предмети се врши електронски. Не се забележани случаи на рачна распределба на предмети.
  3.  Изземања на судии се врши според законската процедура и врз законските основи.
  4.  За секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки заради отсуство подолго од пет дена.

 Надзорот утврди и одреден број на слабости за кои Министерството за правда достави препораки чија реализација ќе ја следи комисијата:

  • Судовите се соочуваат со недостаток на судии и административни службеници.
  • Судскиот совет да изврши итен избор на судии со цел да се овозможи пополнетост на судовите со судии.

Во ниту еден од контролираните судови не е пополнет систематизираниот број на судиски места.

  • Судовите работат со недостаток од стручни соработници, информатичари и архивари.
  • Во дел од судовите нема телефонска централа и не се обезбедени униформи за припадниците на судската полиција. Нема лифтови ниту пристап за лицата со попреченост.
  • Судовите не ги објавуваат редовно на веб страницата програмите за работа, годишните планови, распоредите и други акти со цел да се овозможи поголема транспарентност на работата на судот.

Предложени се  мерки за решавање на овие проблеми, а комисијата ќе продолжи со следење на нивната реализација.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Гази Баба: 80 години Црвен крст во Македонија

0
Градоначалникот Бобан Стефковски прими уште едно значајно признание кое е одраз на успешната соработка која ја има Општина Гази Баба со Црвениот крст на...