HomeМинистерстваМП: Просторно решение за правосудните институции во Тетово

МП: Просторно решение за правосудните институции во Тетово

spot_img
spot_img

Министерството за правда активно работи на изнаоѓање соодветно просторно решение за правосудните институции во Тетово.
Во рамки на оваа иницијатива, беше извршена посета на Основниот суд во Тетово, каде што се одржа средба со претседателот на судот, Хасан Асани, и државниот правобранител за подрачјето Тетово, Ривајет Ајрули.

Иако Основниот суд во Тетово е во одлична состојба, тој се соочува со просторни предизвици кои го отежнуваат неговото секојдневно функционирање.

Констатирано е дека постојните просторни капацитети не се доволни за задоволување на потребите на судот, државното правобранителство, Јавното обвинителство и канцеларијата за пробација на Управата за извршување санкции.

Министерството за правда ги информираше присутните за преземените чекори и иницијативата за презентирање на проблемот пред Владата.

На средбата беа разгледани можни решенија, вклучително и користење на слободни деловни простории во центарот на градот за дислокација на обвинителството и правобранителството.

Министерството останува посветено на пронаоѓање брзо и ефикасно решение за овој просторен предизвик.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте