HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка...

МЗШВ: Трипуновски – Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, стоковите резерви да се полнат со македонски производи

spot_img
spot_img

„Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Аграр“.

„Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа“, најави министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.

„Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста“, истакна министерот.

„Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи“, посочи тој.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЗ: Клековски – Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат...

0
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница...