HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу - Унапредување на човековите...

Кисела Вода: Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу – Унапредување на човековите права и секојдневието на Ромите, е наш приоритет

spot_img
spot_img

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на која една од клучните теми беше реализирање на идни капитални и инфраструктурни проекти низ државата, особено во населените места каде што живее ромско население.


Ѓорѓиевски истакна и дека неговите заложби за унапредување на човековите права и подобро секојдневие на сите граѓани во Македонија, со несмалено темпо ќе продолжат и во иднина.

Денес, во просториите на Владата на Република Македонија остварив работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу. Она што беше тема на оваа средба со почитуваниот министер, е досегашните имплементирани мерки и проекти, но и идни реализации на капитални и инфраструктурни зафати насекаде во Република Македонија, со акцент на населените места каде што живее ромско население.

Ги истакнавме и нашите заеднички заложби за унапредување на човековите права, но и за подобрување на секојдневието на сите категории граѓани, особено на Ромите на целата територија на Република Македонија. Во иднина, будно ќе ја следиме имплементацијата на активностите што ќе бидат спроведени од страна на локалните самоуправи и ќе се заложиме за уште поголемо унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија. – изјави Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЗ: Клековски – Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат...

0
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница...