HomeВладаМицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од...

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска.

Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината.“ истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЗ: Клековски – Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат...

0
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница...