spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингГрупацијата Иуте ги објави неревидираните резултати од работењето во 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати од работењето во 2024 година

Отворен патот кон транзиција во целосно дигитална банкарска групација

Групацијата Иуте од Талин – водечка европска банкарска групација во делот на микрофинансии под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во 2024 година.

Платежните и дигиталните осигурителни услуги продолжуваат значително да растат, и тоа побрзо во споредба со кредитирањето, со очекување за дополнителна акцелерација.

Вкупните приходи на групацијата пораснаа за 6,6%, изнесувајќи 112,7 милиони евра (12M/2023: 105,7 милиони евра), додека консолидираната вкупна актива порасна за 10,6% достигнувајќи 415,7 милиони евра, со капитал во износ од 74,5 милиони евра и раст од 16,7%.

Нето добивката на групацијата достигна 9 милиони евра, како резултат на проширувањето во нови бизнис сегменти, воведување на нови услуги и влез во нови технологии.

“Потребата од испорачување на персонализирано искуство кон нашите клиенти останува приоритет, овојпат со поставување на уште повисоки стандарди, кои носат комплексни барања и имплементирање на напредни алатки за подобрување на дигиталните и автоматизираните процеси, посебно со оглед на фактот дека за првпат е интегрирана вештачка интелигенција во позадинските оперативни процеси. Благодарејќи на заедничките напори на целиот тим, групацијата успеа да го подобро кредитното портфолио и оперативната ефикасност. Голем дел од ресурсите за развој ќе бидат посветени на дополнително усовршување на сегментите на електронски пари и осигурување, преку мрежата од повеќе од еден милион корисници на Myiute апликацијата на Балканот.”- изјави Тармо Силд, Извршен директор на групацијата.

Како за напомена, бројот на активни корисници порасна за 1,9% изнесувајќи 262 илјади (31.12.2023: 257 илјади), додека вкупниот број на корисници порасна за 10,9% броејќи 908 илјади (31.12.2023: 819 илјади).

До крајот на 2025 година се очекува бројот на активни корисници на кредитните, платежни и осигурителни услуги да порасне на 300.000, додека консолидираната вкупна актива  да достигне бројка од 500 милиони евра, со раст на приходите од минимум 10% и нето добивка од 20%, во споредба со минатата година.

Иуте неодамна направи голем исчекор со проширување на своите платежни услуги освен на Балканот и на тлото на Европа, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Централната Банка во Бугарија.

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.

Извор: Иуте Македонија

Прочитајте

Мицкоски: Досега изградени се 20 спортски објекти во 10 општини, продолжуваме...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос инвестициите во спортската инфраструктура и плановите за истата,...