HomeМинистерстваМФ: Од Буџетот, 30 милиони денари за трошоци за превоз и престој...

МФ: Од Буџетот, 30 милиони денари за трошоци за превоз и престој на членовите на семејството на повредените кои се лекуваат во странство

Министерството за финансии врз основа на одлука на Владата ќе обезбеди 30 милиони денари од Буџетот за покривање на трошоците за превоз, престој и сместување во странство на членовите на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, а коишто се хоспитализирани и се лекуваат во некоја од болниците во странство.

Согласно Одлуката, донесена денеска на седница,  средствата се обезбедуваат од резервите на Буџетот за 2025 година, а исплатата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Извор: Министерство за финансии

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте