HomeОпштиниАеродром: Извршена контрола на околу 100 угостителски објекти, следна недела ќе се проверуваат...

Аеродром: Извршена контрола на околу 100 угостителски објекти, следна недела ќе се проверуваат станбените згради

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.

Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност.

Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите.

Инаку, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во вторникот, на 18 март, испрати барање до сите основни училишта и детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар. Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација.

Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица.

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте