HomeОпштиниГази Баба: Меморандум за соработка со Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” од...

Гази Баба: Меморандум за соработка со Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” од Скопје

Во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски и деканот проф. др. Митко Богданоски потпишаа меморандум за соработка помеѓу општина Гази Баба и Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” од Скопје.

Со потпишување на меморандумот ја потврдија заедничката заложба и интерес за унапредување на взнаемната соработка со која во следниот период ќе се изврши размена на искуства и реализација на проекти согласно позитивното законодавство на Република Македонија.

Оваа соработка ќе отвори нови можности за обуки и заеднички проекти кои ќе придонесат за подобрување на капацитетите на локалните институции и зголемување на заедничката ефикасност во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Општина Гази Баба ќе продолжи да гради силни партнерства кои ќе имаат долгогодишни позитивни ефекти на нашата заедница.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте