HomeОпштиниГази Баба: Поддршка за граѓаните!

Гази Баба: Поддршка за граѓаните!

Во Општина Гази Баба ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка и поставување на сончеви колектори. Оваа мерка претставува инвестиција во иднината – во почиста животна средина и во енергетска ефикасност за нашите домаќинства.

–Заштита на животната средина

Со овие субвенции директно го намалуваме загадувањето, ја поттикнуваме употребата на обновливи извори и го подобруваме квалитетот на воздухот. Сончевите колектори се едно од најодржливите решенија за затоплување на водата, со што се намалува потрошувачката на електрична енергија и фосилни горива.

–Исполнување на изборната програма

Оваа мерка произлегува од мојата изборна програма и е дел од широкиот пакет еко-субвенции кои ги воведовме откако ја презедов функцијата градоначалник. Тоа е доказ дека дадените ветувања ги реализираме – систематски, одговорно и транспарентно.

–Целосна поддршка за граѓаните

Покрај субвенциите за сончеви колектори, општината обезбедува финансиска поддршка и за:

-набавка на инвертер клима уреди,

-печки на пелети,

-велосипеди,

-чистење на оџаци,

-вградување ТНГ уреди во возила.

Преку сите овие мерки, не само што се грижиме за животната средина, туку и директно им помагаме на граѓаните со финансиски олеснувања.

–Локална самоуправа во служба на граѓаните

Како општина, остануваме посветени на принципите на одговорно управување и работа во интерес на секој граѓанин. Преку овие практични мерки го подобруваме квалитетот на живот и го градиме Гази Баба како модерен, зелен и одржлив урбан простор.

–Зелената транзиција почнува локално

Веруваме дека големите промени почнуваат со мали, но значајни чекори. Гази Баба веќе ги прави тие чекори. Ќе продолжиме да работиме со визија и посветеност за чиста и здрава иднина за сите генерации.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте