HomeМинистерстваМЕТ: Министерот Дурмиши ја претстави новата мерка за практикантство – шанса за...

МЕТ: Министерот Дурмиши ја претстави новата мерка за практикантство – шанса за над 1.300 млади невработени

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ја презентираше новата мерка за практикантство, како дел од Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2025 година. Со оваа мерка, директно се инвестира во знаењето, капацитетите и потенцијалот на младите лица до 29 години.

„Ова не е само план на хартија – ова е план за иднина. План во кој секој млад човек, секоја жена, секој невработен добива шанса“, порача министерот Дурмиши.

Целта на мерката е 1.352 невработени лица до 29 години, со најмалку завршено средно образование, да стекнат практични работни вештини и искуство. Новина е воведувањето на виртуелно практикантство – онлајн обука за 40 лица, прилагодена на модерните услови на работа. За сите вклучени е обезбеден месечен надомест од 12.000 денари, со платено осигурување и персонален данок, во траење до три месеци.

Мерката е дел од поширокиот Оперативен план за вработување, со кој Владата издвои рекордни 40 милиони евра за над 10.000 граѓани. Преку мерката за субвенционирано вработување, микро, мали и средни претпријатија, социјални бизниси и граѓански организации се повикуваат да отворат нови работни места. Досега се пристигнати 1.133 апликации, за над 1.400 вработувања.

Финансиската поддршка изнесува:

-250.000 денари за вработување младо лице до 29 години;

-220.000 денари за жени, Роми, лица со попреченост, долгорочно невработени и корисници на социјална помош;

-160.000 денари за лица над 29 години.

Досега, преку јавните повици за активни мерки се поднесени 6.026 апликации. Дел од најбараните мерки се:

-до 7.000 евра за започнување бизнис за лица над 29 години; 

-до 10.000 евра за млади до 29 години со иновативна идеја;

-до 20.000 евра за заеднички бизниси на најмалку две лица. 

„Интересот за мерките покажува дека дека граѓаните не се откажуваат. Напротив – тие се подготвени да направат чекор напред“, изјави министерот. 

Дополнителен акцент беше ставен и на Мерка 3.1 – Обука кај познат работодавач, која претставува мост помеѓу граѓаните кои бараат работа и компаниите кои имаат потреба од кадар. Според министерот, оваа мерка е една од најуспешните форми на подготовка за вработување. 

„ Започнете нешто свое, останете тука, приклучете се на тим што расте. Ние ќе ве поддржиме со знаење, со средства, со вистинска институционална поддршка“, им порача министерот Дурмиши на младите.

Извор: Министерство за економија

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте