HomeОпштиниИлинден: Споделена објавата на Општина Кисела Вода за јавен повик за пожарникари

Илинден: Споделена објавата на Општина Кисела Вода за јавен повик за пожарникари

Почитувани, Општина Кисела Вода објави Јавен повик за вработување на пожарникари во Територијалната противпожарна единица. Со цел да ја информираме и заинтересираната јавност од нашата општина, Општина Илинден ја споделува оваа информација. Услови за пријавување (според јавниот повик): – Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа

  • Лицата да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет, и
  • Да се на возраст до 55 години.

Краен рок за пријавување: 17.07.2025 година

Начин на аплицирање: Заинтересираните невработени лица своите Пријави за учество во мерката можат да ги поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје.

Повеќе информации за јавниот повик, потребната документација и формуларите за пријавување може да се најдат на веб-страницата на Општина Кисела Вода:

Ги охрабруваме сите заинтересирани млади лица од Општина Илинден кои ги исполнуваат условите да се пријават!

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте