HomeМинистерстваМЖСПП: Со одлука на министерот Меџити се затвора несoстандардната депонија за отпад...

МЖСПП: Со одлука на министерот Меџити се затвора несoстандардната депонија за отпад во Никуштак

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.

Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.

Наредбата стапува на сила веднаш.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте