Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):
- просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³,
- максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³,
- моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³.
Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.

Министерството останува посветено на транспарентно информирање на јавноста и редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање























