HomeОпштиниКарпош: Редовни активности за чистење

Карпош: Редовни активности за чистење

spot_img
spot_img

Екипите од Општина Карпош задолжени за одржување на јавната чистота, во текот на изминатава недела редовно ги чистеа јавните површини на територија на локалната самоуправа. Притоа, опфатени беа улиците „Јуриј Гагарин“ на потегот од Министерство за економија до Салон 29, улица „Каирска“ кај Млечен, улицата “Франц Прешерн“ во Влае, како и дел од улиците во урбаната заедница „Злокуќани“.

Во рамки на чистењето на теренот беше подигнат органски отпад, лисја и гранки, како и останато ѓубре од јавните површини. Хигиеничарите од Карпош детално го чистеа и трговскиот центар „Порта Влае“ при што со чистење беа опфатени плочникот, жардинерите и останатите околни површини. Исто така, денеска повторно се интервенира и на територија на м.з. Бардовци каде што екипите од Општина Карпош, темелно ги расчистуваат јавните површини од оваа населба.

Одржувањето на хигиената на јавниот простор во Општина Карпош е дел од редовните обврски на службите кои одговорно и темелно ги завршуваат истите, а паралелно со тоа, редовно интервенираат и на повик од граѓаните за расчистување на одредени локации.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте