HomeОпштиниГази Баба: Божиќно пакетче за секое дете - Приклучете се на Бадниковите...

Гази Баба: Божиќно пакетче за секое дете – Приклучете се на Бадниковите поговорки

Ги повикувамe сите дечиња, утре 06.01.2026 година (вторник) во 09:15 часот да дојдат во општина Гази Баба и да добијат божиќно пакетче.

Традиционално и оваа година, градоначалникот на општина Гази Баба се приклучува на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ.

За таа цел на ден 06.01.2026 година (вторник) во 09:15 часот во просториите на општината ќе ги пречекамe сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки.

Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа:

– 1 автобус ќе тргне од Нова Колонија во 08:45 часот;

– 1 автобус ќе тргне од Црешево во 08:45 часот.

-двата автобуси ќе застануваат на сите попатни автобуски постојки.

Автобусите најнапред ќе ги донесат патниците во општина Гази Баба, а потоа ќе продолжат кон Центар.

Ги повикувамe граѓаните со своите дечиња да се приклучат и сите заедно да му пееме на нашиот Бог.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте