HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

Илинден: Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.

Со поддршката на ваквите традиционални настани, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност и континуирана заложба за зачувување и негување на духовните вредности и на традицијата.

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте