На покана на амбасадорката на Грција во Македонија Н. Е. Sophia Philippidou, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претставници на општинската администрација, присуствуваа на свеченост по повод Националниот ден или Ден на независноста на Грција.
На свечениот прием присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор, државни и странски амбасади, министерства, институции, организации и компании.
Пред присутните гости се обрати амбасадорката на Грција, која го нагласи значењето на вечерашното одбележување, потсетувајќи на историското наследство и трајните вредности, кои се основа на едно демократско општество.
Пригодната културно – уметничка програма го претстави културното богатство, создавано со труд и долгогодишен напор.
Со почит кон меѓусебните односи и разбирањето, Општина Куманово продолжува да поддржува продлабочување на пријателството и соработката, потенцирајќи стабилна и позитивна перспектива, со цел подобра иднина преку напредок и просперитет за граѓаните на двете страни.

Извор: Општина Куманово























