spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Ново еко игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев-Беровски“

Ѓорче Петров: Ново еко игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев-Беровски“

Во насока на унапредување на условите за раст и развој на најмладите, во дворот на ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев-Беровски“ е изградено ново еко игралиште, наменето за учениците од училиштето и децата од локалната заедница.

Станува збор за современ, безбеден и функционален простор, изграден согласно еколошки стандарди, кој овозможува квалитетна рекреација, дружење и физичка активност. Новото игралиште претставува значаен чекор кон создавање здрава, поттикнувачка и инклузивна средина за децата.

Оваа инвестиција е дел од пошироките заложби за континуирано подобрување на јавната инфраструктура и вложување во образованието и благосостојбата на најмладите. Преку вакви проекти, се потврдува определбата за создавање услови во кои децата ќе можат безгрижно да растат, да се развиваат и да ги градат своите потенцијали.

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на проекти кои придонесуваат за поубава, позелена и похумана средина за сите граѓани, со посебен фокус на најмладите генерации.

Извор: Општина Ѓорче Петров

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте