spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Започна креирањето на новиот парк во Волково преку проектот UrbanGreenLeap

Ѓорче Петров: Започна креирањето на новиот парк во Волково преку проектот UrbanGreenLeap

Во Волково се одржа продуктивна средба со жителите, посветена на креирање на идниот изглед на новиот парк, кој ќе се реализира во рамки на европскиот проект „UrbanGreenLeap“.

Средбата беше одлична можност граѓаните директно да ги споделат своите идеи и потреби, со што активно учествуваат во обликувањето на јавниот простор.

Процесот на планирање се темели на инклузивност и транспарентност, при што предлозите на жителите се клучен фактор во дизајнот на паркот. Предвидени се: нови зелени површини, современи содржини за деца, простори за рекреација и одмор, одржливи и еколошки решенија..

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на квалитетот на живот и да создаде современо, зелено и хумано место за живеење за сите генерации во Волково.

Овој парк не претставува само инфраструктурен зафат, туку долгорочна инвестиција во здравјето, благосостојбата и заедништвото на локалната заедница.

Извор: Општина Ѓорче Петров

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте