HomeОпштиниДелчево: Се уредуваат јавните паркинзи во Делчево

Делчево: Се уредуваат јавните паркинзи во Делчево

Општина Делчево започна со акција за уредување на постоечките јавни паркинзи која покрај хоризонталното обележување на паркинг-местата, предвидува и санација и чистење на паркинзите во Делчево. Денеска се работеше на паркинот пред Спомен-домот АСНОМ, каде се обележаа сите 53 паркинг-места,  вклучително и две паркинг-места за такси- возила и две паркинг-места резервирани за електрични возила пред станицата за полнење електрични возила.

Градоначалникот Гоцевски најавувајќи ја оваа активност истакна дека подобрувањето на сообраќајната култура во нашиот град е одговорност на секој граѓанин.

–Изгледот на јавните површини вклучително и на паркинзите, тротоарите и улиците е главна одлика што од прва ја забележува секој посетител на Делчево по што носи заклучок за нашето гостопримство. Ние, како општина имаме за цел да обезбедиме подобри услови за сообраќај, на што активно работиме со изградбата и реконструкцијата на локалните патишта и улици. Но, не помалку важно е поставувањето и одржувањето на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Нашите екипи посветено работат на тој план при што главен фокус е обележувањето на предвидените паркинг– места. Користењето на паркинг– просторите во Делчево мора да биде целосно уредно, за што апелирам на секој возач да се однесува одговорно при паркирањето на сопствените возила. Делчево има потенцијал да се развива а еден од приоритетите е изградба и уредување на нови паркинг места, нагласи Гоцевски.

Инаку, во Делчево користењето на јавните паркинзи е бесплатно, а Општината располага со 12 паркинзи кои можат да прифатат околу 320 возила.

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте