HomeМинистерстваМП: Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

МП: Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

Се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик.Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии.

Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата.По комплетирањето на процесот и финализирањето на предлог-решенијата, измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе бидат доставени за понатамошна постапка.

Работната група и натаму останува посветена на обезбедување инклузивен и транспарентен процес, во насока на унапредување на изборната рамка согласно демократските стандарди и меѓународните препораки.

Извор: Министерство за Правда

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте