HomeВладаПретседателот Макрон ги пречекува европските лидери, меѓу кои и првиот заменик-претседател на...

Претседателот Макрон ги пречекува европските лидери, меѓу кои и првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 Јули – Националниот празник на Франција.

Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент.

Во вечерните часови, министерот Сали ќе присуствува на официјалната вечера организирана од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, во Елисејската палата, со учество на шефови на држави и влади од партнерските земји.

На 14 јули, министерот Сали ќе присуствува на традиционалната воена парада во Париз по повод Националниот празник на Франција, која годинава се одржува под мотото „Стратешкото будење на Европа“, нагласувајќи ја заедничката определба за мир, безбедност и зајакната европска соработка.

Учеството на овие активности ја потврдува блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и европската соработка.

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште...

0
Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Секоја генерација добива свој момент на одговорност. Момент во кој не одлучува само за сегашноста, туку и за правецот...