HomeОпштиниКуманово: Посета на претставници од француската федерација –  “Професија, спорт и рекреација”...

Куманово: Посета на претставници од француската федерација –  “Професија, спорт и рекреација” на Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, имаше средба со претставници од француската федерација „Професија, спорт и рекреација“ (Fédération française “Profession sport & loisirs”) – националниот директор Никола Вердон, одговорниот за европски прашања Корентен Бонежан и директорката на Центарот за обука на спортски едукатори, Светлана Ѓорѓиевски.

На средбата беа разгледани можностите за воспоставување на соработка меѓу Федерацијата и Општина Куманово, со акцент на развојот и поддршката на спортот, едукацијата на спортски кадри и реализацијата на заеднички проекти и активности. Воедно, беше најавено и потпишување на Меморандум за соработка, кој ќе претставува основа за идни партнерства и заеднички иницијативи.

Француската федерација „Професија, спорт и рекреација“ е една од водечките организации во Франција во областа на спортот и рекреацијата, која активно придонесува за развојот на спортските програми, едукацијата и професионализацијата на спортскиот сектор.

Претставниците на Федерацијата истакнаа дека ова е нивна прва посета на Балканот и Македонија, при што изразија подготвеност токму Куманово да биде еден од првите партнери во регионот, за реализација на идни проекти насочени кон унапредување на спортот, рекреацијата и меѓународната соработка.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте