Општина Струмица ги известува граѓаните дека започна поставувањето на предвидената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Атанас Јанев“ и „Драгољуб Боцинов“ во градот со што овие улици добиваат нов траен режим на сообраќај.
Со имплементацијата на проектот којашто започна денеска, се овозможува побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра организација на движењето на возилата и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Општина Струмица апелира до сите учесници во сообраќајот движењето по овие две улици да го прават крајно внимателно согласно новата сообраќајна сигнализација.
Извор: Општина Струмица























