spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Животната средина во фокусот на разговорите со француските сенатори

МЖСПП: Животната средина во фокусот на разговорите со француските сенатори

Визијата на државата за заштита на животната средина во постигнувањето на зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа животна средина со европското право, подготвеноста на државата и динамиката за искористување на предпристапните ЕУ фондови во областа, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, беа во фокусот на разговорите што министерот за животна средина и просторно планирање ги имаше со делегација од францускиот Сенат.

 

Средбата е организирана во рамки на посетата на француската делегација на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република.

Сенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на групата, а воедно и заменик претседател на Парламентарниот Комитет за регионално планирање и одржлив развој, ја истакна заложбата на француската влада за регионална соработка и поддршка во заложбите за заштита на животната средина во нашата земја.

 

Министерот Нуредини увери дека поддршката од страна на Франција отвара широко поле на соработка во повеќе економски сфери и изрази задоволство од фактот што Франција е подготвена да биде наш стратешки партнер во заштитата на животната средина и климатските промени. Исто така, министерот Нуредини информира за актуелните стратешки приоритети и активности што се реализираат од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, како и за широкиот спектар на проекти и области за можна соработка, кои би ги поттикнале француските институции за пренесување на нивните искуства, а воедно и поттик на француските компании да инвестираат во земјава.

 

Целта на соработката е зајакнување на регионалната соработка, поддршка во евроинтегративниот процес и реформи за побрз одржлив економски и социјален развој, преку поддршка на еколошко одржливи проекти, компатибилни со Договорот од Париз.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...