Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со среда и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани. Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, како и смртен исход.
Извор: Министерство за здравство