Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец.
Со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 метри квадратни, а опфатени се и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите.
Покрај коловозот, на „Народен Фронт“ се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и поголема безбедност, се воведува резидентно паркирање за станарите и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Со завршувањето на градежните активности на вториот дел, ќе започне третата и финална фаза која ќе биде готова на почетокот на октомври, а граѓаните ќе добијат нова и безбедна улица во Капиштец, еден од најгусто населените делови во Општина Центар.
Извор: Општина Центар