spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Наставници од ООУ „11 Октомври“ на обука за мултимедија во Италија

Центар: Наставници од ООУ „11 Октомври“ на обука за мултимедија во Италија

Општинското основно училиште „11 Октомври“, Центар е училиште кое континуирано обезбедува стручен и професионален развој на своите наставници. Со поддршка од ЕУ, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, училиштето доби грант за реализација на проектот „Photo & Video Making in our Classroom: Creating and Adapting Original Visual Resource“ (акција KA101 – School education staff mobility).

Во рамките на овој проект се реализираше мобилност при што тим од наставници од Македонија заедно со наставници од Полска и Шпанија следеа 6-дневна обука во партнерската организација EUROPASS SRL – Фиренца, Италија. За време на престојот учесниците имаа можност да се запознаат со други култури и образовни системи.

Учесниците на програмата за мобилност се стекнаа со вештини и знаења кои имаат голема примена во современата настава , со што стекнатите знаења и вештини од областа на мултимедијата, веќе следната учебна година ќе ги применат при планирањето на слободните изборни предмети, согласно новата концепција во основното образование.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...