spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители

МП: Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители

Со 64 гласови ,, За”,15 ,, против” и ниту еден ,, воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда.


Со предложеното законско  решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина.


Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Се воведуваат јасни и транспарентни критериуми. Се гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, по пример на критериумите предвидени во новиот Закон за Судскиот совет. На тој начин, се гарантира избор на најквалитетните кандидати. 


Се воведува обврска за целосно и аргументирано образложение на одлуките за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите. 
Се воведува доследна примена на системот на заслуги – односно мерит-системот, при избор, унапредување и разрешување на јавните обвинители.


Се зајакнува транспарентноста на Советот преку:
•    обврска за објавување на одлуки и извештаи,
•    јавно одржување на седници,
•    директни преноси и информирање на јавноста.
Воведуваме јасна двостепеност во дисциплинските постапки. Советот одлучува како второстепен орган, а против неговите одлуки е дозволена судска заштита. Со ова се обезбедува целосна заштита на правата на јавните обвинители, што е директен одговор на препораките на Европската комисија.
Детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот,  со прецизирани рокови и критериуми.


Се зајакнува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија. Советот на јавните обвинители може да поднесе иницијатива за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија до Собранието.


Законот е дел од поширокиот реформски процес и е усогласен со европските стандарди и препораки, што претставува значаен чекор напред во процесот на европска интеграција.

Извор: Министерство за Правда

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте